Introduction: Morse Code Arduino

За проектот изработивме Morse Code Decoder со помош на Arduino Uno. Крајниот резултат е конверзија на секвенца на зборови во соодветни знаци(точка и црта).

Step 1: Потребни Материјали

Материјали:

- 2 Arduino UNO микроконтролери

- 1 Фото сензор/отпорник

- 1 Отпорник 330ом

- 1 Отпорник 1ком

- 1 Лед диода

- 2 USB A to B кабли

-2 Breadboards

-5 Jumper кабли

Step 2: Поврзување

Првата слика е од кодерот, додека пак втората е за декодерот

Step 3: Поврзување На Arduino Со PC

Пред да почнеме да правиме нешто со Arduino-то, прво треба да симнеме и инсталираме Arduino IDE, потоа се поврзуваат лаптопот и Arduino-то со посебен USB A to B кабел и се отвара Arduino програмата каде во Tools се селектира портата на кое што ке биде поврзано соодветното Arduino(кодер и декодер).

Step 4: Uploading Code

Првото arduino ни е за кодерот, каде наведуваме колкава ке биде должината на точката како и должината на цртата, овде всушност ги кодираме сите букви и знаци. Во второто arduino ни е кодот за декодерот каде правиме конверзија.

Step 5: Testing

При тестирањето треба да се доближат близу фото сензорот и лед сијаличката, затоа што на фото сензорот може да влијае светлината во собата и соодветно на излез да се прикаже погрешна информација.